Претставување

Ниелсен Аудиенце Меасуремент (Македонија) започна со електронско мерење на гледаност на телевизиската програма во есента 2007 година. Почнувајќи од 01.12.2007 година континуирано се испорачуваат податоци за гледаноста на ТВ програмата за територијата на град Скопје.

Националниот репрезентативен примерок во Македонија кој е комплетиран во Јули 2008 година, се состои од 400 инсталирани домаќинства, односно повеќе од 1300 поединци во дневна продукција. Одбирокот е формиран на база на технолошки најсовремени алати кои што Ниелсен Аудиенце Меасуремент ги поседува, а воедно и најдобрите искуства кои што компанијата ги собира во земјите во кои што работи.

Ниелсен Аудиенце Меасуремент (Македонија)

Ниелсен Аудиенце Меасуремент (Македонија) е специјализирана агенција за истражување на телевизиската гледаност, основана во Скопје во текот на месец Август 2007 година. Компанијата е составен дел од единствената групација Д Нилсен Компани и претставува еден член во семејството кое брои повеќе сестрински компании кои делуваат во повеќе од 30 земји распространети на 5 континенти.

 

Ниелсен Аудиенце Меасуремент

Стратегија на компанијата

Ниелсен Аудиенце Меасуремент денес е единствена компанија која 100% е посветена на обезбедување на висок квалитет на ТАМ услуги. Оваа обрска за извонредност во овој сегмент од пазарот веруваме дека е резултат на лидерската технологија, супериорната услуга на клиенти и глобалната стандардизација.

Самата мисија на компанијата Ниелсен Аудиенце Меасуремент е воспоставување на заедничка валута за користење од ТВ Станиците, Медиа Планерите и Огласувачите за нивните огласувачки трансакции, базирани на вистинит, независен и транспарентен мерен систем.

Ниелсен Аудиенце Меасуремент моментално соработува со повеќе ТАМ панел домаќинства, отколку било кој друг меѓународен провајдер за мерење на телевизиската гледаност.

Лидерската технологија, супериорната услуга на клиентите и глобалните процеси се водечките принципи кои ги движат нашите дневни операции во повеќе од 30 земји низ 5 континенти. Моментално, во групацијата се инсталирани 56.000 домаќинства со повеќе од 80.000 пиплметри овозможувајќи дневни ТВ рејтинзи, произведени користејќи ги хардверските и софтверските можности на Ниелсен Аудиенце Меасуремент. Вработени се 2.562 ТАМ професионалци низ целиот свет кои се поддржани од единствениот Корпоративен Центар за Поддршка.

Стратегија за во иднина

Продолжување на управување со нашите постоечки компании со супериорен клиент сервис и навремено испорачување на ТАМ технологии. Внимателно следење и тежнеење кон нови пазари кои би биле погодни и би се вклопиле во целокупната стратегија на компанијата.

Мерење на телевизиската гледаност

Со употребата на посебни уреди-пиплметри, електронското мерење на телевизиската гледаност со своите резултати се покажало и докажало како најуспешен и најпрецизен начин за собирање на таков вид информации во целиот свет. Оваа успешност во голема мера се гледа од можноста за собирање на податоци од минута во минута, ден за ден, 365 денови во годината.